no,ar,de,en,pl,so,is,fi,mk

Управување на училиштето

Управувањето на училиштето се однесува на оние кои донесуваат одлуки во име на училиштето, како на пример директорот. Тие се главниот клуч кои можат да направат уметноста и искуствата од што поголема изложеност на учениците на уметнички настани, да биде важен дел од развојот на нивните ученици. Уметностите се од витално значење за демократијата поради тоа што поттикнува критичко размислување, социјално вклучување и отвореност кон се она што е различно. Ако сте директор на училиште, овде се неколку совети кои може да ви помогнат:

1. Создадете позитивна атмосфера за уметност и култура

Бидете Вие добар пример и модел за другите!
  • Запомнете   дека улогата на директор на училиште е влијателна и важна. Она што вие говорите и правите може да влијае на ставовите и вклученоста кон уметност и култура.
  • Поттикнете ги наставниците и вработените да присуствуваат и да се ангажираат кога посетуваат уметнички настани. Ние сме сите пример на кој останатите би можеле да се угледаат.
Присуствувајте на настани и од време на време претставете ги уметниците кои учествуваат во изведбата на настанот.
  • Кога ќе ги претставите уметниците, може исто така да ја искористите можноста да објасните зошто настапот се одржува и зошто уметноста е важна за училиштето. Ова ќе испрати важен сигнал кон учениците и вработените.
Поттикнете ги наставниците да имаат кратка дебата /разговор со сите ученици веднаш по посетата на некој настан за нивното уметничкото искуство.
  • Ова им нуди на учениците можност да ги преработат и споделат своите размислувања, што за возврат им овозможува да научат повеќе од тоа уметничко искуство. Исто така, тоа овозможува   уметноста и културата да бидат еден природен и поубав дел од училишната култура за наставниците во сите области.
  • Смислете неколку едноставни прашања кои ќе ги поттикнат наставниците на размислување и рефлексија со што ќе им ја олесни задачата на сите наставници. Погледнете ги прашањата што може да ги користите подолу.
Поттикнете ги наставниците да водат Дневник/Лог/ на културата како дел од нивната настава/наставна единица.

  • Побарајте од наставниците да им овозможат на учениците можност да размислат, преработат и да ги изразат свои мисли пред и по настапот.
    Пред: Какви се вашите очекувања?
    По: Што беше различно од вашето очекување? Како ви се допадна?
  • Во зависност од возраста на учениците, побарајте од нив да нацртаат слика, стават фотографија или напишат текст. Кога учениците ќе завршат една книга/дневник, добиваат нова и таа ги следи низ нивните години во училиштето. Дигиталните методи се исто така можност, особено за поголемите ученици.
Дозволете на наставници од различни предметни области да присуствуваат на настани од уметноста
  • Со присуство на изложба (како на пример “Маркет за Музика") каде можете да видите кои настани кои се понудени, можете да создадете поголема вклученост меѓу наставниците во училиштето.
  • Размислете и за наставниците од предметни дисциплини кои неможат веднаш да најдат соодветен линк или поврзување на уметничкиот настан/тема со својата област/предмет.

2. Фокусирајте се на добра комуникација

Направете културен календар за училиштето
  • Планирајте однапред и ставете ги културните настани во календар што е достапен за сите. Направете ги уметничките настани да бидат постојана активност и дел од од учебната година.
Споделете информации со вашите вработени
  • Известете ги навремено сите вработени и доделете задачи.
Споделете информации со родителите
  • Додадете ги културните активности во годишниот план и програма на училиштето и информирајте ги родителите кога училиштето започнува за настапите кои учениците ќе ги посетуваат таа учебна година.
  • Споделете видео клипови ако се достапни.

3. Назначете еден од вработените за улогата Контакт лице за култура

Назначете лице кое има желба и е подготвено да превземе улога
  • Контактот за култура ќе биде одговорен за планирање и координација на значајни уметнички искуства во училиштето. Бидете сигурни   дека Контактот за култура има доволно време да ја  изврши својот задача и размислете да понудите  компензација за дополнителната одговорност (мал надоместок  и/или слободно време).
Размислете за давање на улогата на социјален работник
  • Обично улогата ја обавува наставник, директор или библиотекар во училиштето, но исто така размислете за давање на улогата на други членови на вработени, како на пример социјален работник во училиштето. Предноста е што целта на социјалниот работник е да создаде безбедно и социјално инклузивно училишно опкружување и употребата на уметнички искуства може да создаде нови можност за постигнување на оваа цел.
Составете Тим за култура составен од менаџментот на училиштето, ученици и наставници од различни области
  • Искористете го тимот за планирање на уметничкиот програм на училиштето. И кога е можно, овозможете им да учествуваат во изборот на истите во име на училиштето.
  • Поставете го Контактот за култура на чело на Тимот за култура.
  • Прочитајте повеќе за Контактот за култура подолу.

4. Создадете Културeн клуб

  • -Создадете група од ученици, направете ги тим и доделете им задачи за организирање на настани. Оваа задача исто така може да ја доделите и на Контактот за Култура.
  • Ако другите училишта во вашата општина немаат Културниот клуб, објаснете го значењето на концептот на одделението за образование во вашата општина и поттикнете ги да создадат Културен  клуб во сите училишта.
  • Мотивирајте го Тимот за Култура од редот на наставниците да работи заедно со Културниот клуб на учениците. Способноста да се користат различни искуства и перспективи резултира во подобар исход - и работењето заедно го прави сè подобро и забавно.
  • Прочитајте повеќе за Тимот за Култура подолу.

Published: 29.01.2024 Updated: 21.02.2024 kl.09:12