no,ar,de,en,pl,so,is,fi,mk

КУЛТУРЕН КЛУБ

Културниот клуб се состои од ученици кои може да помогнат во изборот, подготовката, имплементацијата и евалуацијата на уметничките искуства. Тие можат да бидат многу важен ресурс за успешната реализација на уметничките искуства во нивното училиште. Вообичаено нив ги координира Контактот за Култура (одредено возрасно лице) во училиштето. Подолу можете да најдете поподетален опис на улогата на Културниот клуб, а овде се некои предлози кои може да ги истражите:

1. Зошто вашето училиште треба да има Културен клуб на ученици? 

Културниот клуб е важен адут и вредност на училиштето и може да биде вклучен во многу настани кои ги организира училиштето. Улогата на членовите на клубот е прикладна за сите ученици кои се мотивирани, а не само за ученици со високи постигнувања во учењето. Факт е дека многу училишта известуваат за ученици од кои не очекувале посебни резултати, дека се развиваат во улога на член на Културниот клуб и го подобруваат своето самопочитување. Ова е можност за раст и учење, како што се: 

  • Организирање на настани 
  • Работа во тим и самостојно 
  • Решавање на предизвици 
  • Добивање на уникатен поглед во животот на настапувачите

2. Како да почнете? 

Регрутирајте ученици кои сакаат да работат како членови на Културниот клуб
  • Бројот на членови на клубот може да варира во зависност од големината и типот на училиштето.
  • Времетраењето на услугата исто така може да варира од користење на различни ученици за секој настан до неколку години на учество во клубот.
    Честата смена на учениците зголемува вклученост меѓу повеќе ученици. Ова може активно да се користи и како алатка за подобрување на учебната средина (социјална инклузија). 
  • Фокусирајте се на создавање на тимски дух меѓу учениците.
  • Имате средба со Културниот клуб пред секој настан за да планирате и распределите задачи.
Направете го Културниот клуб видлив и препознатлив во училиштето 
  • Доделете им на учениците елеци со натписи од уметнички настани или направете блузи  со лого на Култерен тим. Ова ќе ја потврди нивната улога, ќе им даде чувство на гордост и заедништво и може да го  засили нивното самопочитување. 
Посетете го курсот за Културниот клуб 
  • Ако е понудено, учествувајте во курсеви кои се специјално дизајнирани за нив. 
  • Ако нема курс, обидете се да го организирате сами. Прочитајте совети од Финска подолу. 
  • Поучете ги учениците на нови вештини, како на пример како да користат микрофон, како да пишуваат блог, вербални изрази/техника на презентација итн.
Потврдете го и наградете го Културниот клуб 
  • Дајте им на учениците диплома за нивните напори. Побарајте од директорот да ги потпише дипломите.
  • Пофалете ги и наградете ги учениците со нешто посебно, како на пример ручек. 
  • Или поканете ги учениците на други културни настани. Ова го гради тимот, го проширува нивното знаење и го поттикнува учеството.

3. Практични задачи за Културниот клуб: Пред, за време и по настапот 

Планирајте и направете евалуација со Контактот лицето за Култура во училиштето 
  • Пред: Организирајте средба со Контакт лицето за Култура за да планирате и споделите задачи.
  • По: Организирајте средба со Контакт лицето за Култура за проценка на сработеното и да ги разгледате резултатите од евалуацијата на настапот. Разговарајте за тоа што било добро и каде можеме да направиме подобрувања?
Информирајте ги учениците и наставниците 
  • Информирајте ги учениците за наредните настапи со “тура во училниците”. Учениците често внимаваат на другите ученици, па ова може да биде успешен начин за комуникација. Истото може да важи и за наставниците.
Контактирајте ги настапувачите 
  • Културниот клуб, ако се доволно големи учениците, ги контактираат настапувачите за да се провери дали сè е во ред (по можност, преку телефон).  На пример,  проверете дали е се во ред со часот за почеток на концертот,дали условите во просторот се како што треба (затемнување и  итн). Информирајте го Контакт лицето за Култура доколку има некои одстапувања. 
Креирајте постери 
  • Креирајте постери за целогодишниот програм и/или поединечните настапи. Провајдерот можеби обезбедил шаблони кои може да ги користат. Погледнете пример од Норвешка подолу.
Претставете ги настаните кои следат: концерти, фестивали итн
  • Претставете го настапувачот пред настапот, но прво консултирајте се, со настапувачот дали се согласува со ова. 
Формирајте тим за медиуми 
  • Пишувајте статии, фотографирајте настапи, интервјуирајте ги настапувачите по настапот или интервјуирајте други ученици за нивните искуства. Зошто да не ги проширите активностите и да ги прашате ученици и наставници за нивните културни активности во и надвор од училиштето?
Погрижете Културниот клуб да добие доволно задачи 
  • Направете ја нивната улога вредна за внимание и дозволете да се истакнат во она што го прават.

Published: 29.01.2024 Updated: 21.02.2024 kl.13:13