no,ar,de,en,pl,so,is,fi,mk

КОНТАКТ ЗА КУЛТУРА

Контактот за култура е лице во училиштето кое има контакт со провајдер(ите) на уметност.Контактот за култура има клучна улога во креирањето на уметничките искуства и содржини значајни за учениците во нивното училиште. Подолу можете да најдете водич за улогата на Контактот за култура, а овде се и некои совети кои може да ги искористите:

1. Креирајте и направете културен календар за училиштето 

  • Планирајте однапред, внесете културни настани во календар кој е достапен за сите и направете ги настаните да се постојани во текот на учебната година. 

2. Комуницирајте, информирајте и мотивирајте наставници и други заинтересирани страни 

Направете  усмена презентација пред сите наставници
  • Ангажирајте и информирајте наставници со презентирање на:
    • Целокупниот програм на почетокот на учебната година или неколку недели подоцна, и/или 
    • Програма за тримесечие на почетокот на секое тримесечие/полугодие, и/или 
    • Поединечни информации пред да се одржат уметничките содржини. 
Испратете информации до наставниците 
  • Однапред информирајте ги наставниците и другите вклучени страни за уметничките содржини кои следуваат . Давајте им информации во писмена форма со детални планови, задачи и рокови, и испратете потсетник на време.
Направете  фолдер за културни настани и чувајте  ги сите нешта на едно место 
  • Побарајте од наставниците да испратат преглед на настаните на кои учествуваат со нивните ученици и чувајте ги на едно место.
Испратете информации до родителите на учениците од Културниот клуб 
  • Испратете информации до родителите на Културниот клуб за да ги информирате за учество на нивните деца и објаснете им ги предностите.

3. Регрутирајте ученици да ве поддржат (Културен клуб) и дадете им одговорности 

Регрутирајте Културен клуб 
  • Регрутирајте ученици кои сакаат да работат како членови на Културниот клуб. Направете ги тим, доделете им задачи во организирањето на настани. 
  • Бројот на членови на клубот може да варира во зависност од големината и типот на училиштето. 
  • Времетраењето на нивната работа истотака може да варира, од користење на различни ученици за секој настап, до неколку години на учество во тимот.
    Преку чести промени, предност е и поголемата одговорност меѓу повеќе ученици. Ова истотака може активно да се користи како алатка за подобрување на учебниот амбиент (социјална инклузија). 
Направете го Културниот клуб видлив и препознатлив во училиштето 
  • Доделете им на учениците елеци со натписи од уметнички настани или направете блузи со лого на Култерен клуб. Ова ќе ја потврди нивната улога, ќе им даде чувство на гордост и заедништво и може да го засили нивното самопочитување.
Учествувајте во Курсот на Културниот клуб 
  • Ако се нуди курс или обука, учествувајте со вашите ученици. 
  • Ако нема достапен курс, обидете се да организирате сами. 
Закажете презентација на Културниот клуб пред наставниците
  • Закажете време на наставнички собир кога Културниот клуб може да ја презентира програмата за тримесечиет/полугодието /годината - користете видеа кога е можно.
Искажете благодарност  и наградете го Културниот клуб 
  • Доделете им на учениците  дипломи  за нивниот труд. Побарајте од директорот да ги потпише дипломите. 
  • Пофалете и наградете ги учениците со нешто специјално, на пример, ручек. 
  • Или поканете ги учениците на други културни настани. На овој начин се  зајакнува тимот, се проширува нивното знаење и се  поттикнува учеството.
  • Прочитајте повеќе за Културниот клуб подолу. 

4. Задачи за следење на активностите за наставниците 

Побарајте од наставниците да спроведат анкети и анкетирања (доставени од вас или провајдерот на уметност)
  • Побарајте од учениците да изразат свои мислења за настапите и културните настани, за да се забележат успешни аспекти и можности за подобрување.
Поттикнете  ги наставниците да ги  насочуваат своите  ученици да водат Културен Дневник/Записник 

  • Ова им дава на учениците можност да размислуваат, усвојуваат и изразуваат свои мислења по стекнато искуството и доживување од настап или други културни активности. Во зависност од возраста на учениците, тие може на пример да цртаат, додаваат фотографии или пишуваат во книга - или да користат дигитални методи.
Овозможете им на учениците да ги изразат своите чувства за продукцијата или за уметничкиот настан на евалуациска табла/постер/изложбен простор во училиштето  
  • Ова исто така е идеална можност за учениците да размислат, усвојат и изразат свои мислења по искуството на настап или други културни активности.
  • Контактот за култура треба да земе одговорност за евалуациската форма.

Published: 29.01.2024 Updated: 20.02.2024 kl.14:25